Министерката за финансии Нина Ангеловска синоќа се сретна со дел од поранешните министри за финансии. На вечера, како што објави на својот фејсбук профил министерката, присуствувале Таки Фити, Џевдет Хајредини, Петар Гошев, Никола Поповски и Кирил Миновски.
„Имав чест да бидам домаќин на вечерата со претходните министри за финансии од осамостојувањето на Република Македонија до денес. Ми беше задоволство да ги слушнам нивните искуства, да научам повеќе за како функционирале работите во минатото во Министерството за финансии, за нивните гледишта и предизвици низ годините“ напиша таа на фејсбук.
Таа им се заблагодарува, за како што вели нивниот придонес кон она што е денес министерството.
На вечерата, не присуствувале тројца поранешни министри за финасии. Двајца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски и Зоран Ставрески, како и нејзиниот претходник Драган Тевдовски.