Димовски: Каков тип на средби имал Филипче со Боки 13 во неговиот дом?

314

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски повтори дека повеќе нема да го прашува премиерот Зоран Заев, бидејќи како што рече тој повеќе никогаш нема да биде премиер. Димовски критикуваше дека многу министри не се тука,.

– Слушам дека многу министри сакаат да си одат од владата, Анѓушев најави одамна, вчера и Дескоска најави напушрање на владата, а слушам дека и други министри сакаат да ја напуштат владата на покомотни позиции – констатира Димовски.

Тој упати две прашања до министерот за здравство Венко Филипче и инсистираше одговорите да ги добие писмено, бидејќи министерот не е присутен на седницата за пратенички прашања.

– Инсистирам Филипче да одговори. Се уништи огромна количина на употреблив инсулина, ниту една институција не потврди дека е неупотреблив. Колку тендери за набавка на инулин се распишани во негов период, колку инсулин се набавени и кои фирми, праша Димовски.

Тој го праша Филипче и за средбите со Бојан Јовановски.

– Каков тип на средби имал Филипче со обвинетиот Бојан Јованобвски во неговиот дом? Што разговарале?  Дали имало понуди за јавно-приватно партнерство и колку често тој и други министри го поседтувале домот на Јовановски – праша Димовски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...