Повеќе од три години владеење на СДСМ и ДУИ, од сѐ што ветија го сторија спротивното. Наместо да се намали криминалот и корупцијата, нивната бројка продолжува да расте, наместо да создадат подобар систем за безбедност на граѓаните, граѓаните сѐ уште немаат доверба во државните органи и наместо правичната и соодветната застапеност на граѓаните да се постигне, дискриминацијата воопшто не смени правец, реагира партијата на Зијадин Села.
– Јавно го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто сѐ уште немаме нов закон за внатрешни работи и полиција, со кое законско и уставно право се одвива систематизација и унапредување на полицискиот кадар, каде е заменик- министерот Албанец да зборува за ниската застапеност на Албанците во МВР? Го потсетуваме заменик министерот на ДУИ дека процентот на Албанците во хиерархијата на МВР е само 4 отсто – велат од АА.
Од таму додаваат дека Одделот за внатрешни работи при Алијанса за Албанците оценува дека во едно вакво време, нелегално е систематизирање на МВР за време пред изборите.
– Бараме работите на МВР да почнат да се регулираат со закон, а не со владини решенија, затоа што ваквата практика го докажува влијанието на партијата врз многу важни државни органи, како што е МВР.
Ова не е првпат вакви скандали да се случат во пресрет на изборите со цел да се користат меѓу институционалните позиции за да се влијае на изборите, ова ја нарушува демократијата и слободниот избор на граѓаните, констатира АА.