Полициски службеници од Полициската станица Неготино денеска околу 10.30 часот на улица Индустриска во Неготино го уапсиле П.Ц.(24) од Неготино. Тој два часа пред тоа им одзел пари на вработени во казино саканувајќи им се со остар предмет.
Како што соопшти полицијата, при преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното.
П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.