Џафери: Власта и опозицијата се договорија за деблокирање на 123. собраниска седница  

516

Владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени сите законски предлози од 123. собраниска седница, кои се врзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовната месечна средба со собраниските известувачи.

Опозициските пратеници до вчера попладне со долги говори и реплики речиси и да ја блокираат оваа седница.

Џафери не прецизира како власта и опозицијата се договориле за гласање по овие закони и упати на лидерите на партиите.

– Прашајте ги Мицкоски и Заев – рече претседателот на Парламентот.

Неговата улога, како што вели, била тоа што ја продолжил седницата до по полноќ до изгласување на првата точка.

На утрешното продолжение на 123. седница треба да бидат донесени околу четириесетина закони врзани со рок, односно со примена од 1 јануари, меѓу кои и од сферата на финансиите, социјалата и здравството. Другите точки од оваа седница на дневен ред ќе бидат разгледувани по Нова Година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...