Извршителите дeнеска ќе ги затворат канцелариите во знак на револт што им се намалува максималната награда која можат да ја наплатат од сметките на граѓаните, при извршување, од 1 000 на 300 евра.
„Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник“, стои во одлуката на Комората на извршители.
Од граѓанското здружение Стоп за извршители кои со месеци протестираат, како ќе делуваат ќе одлучат откако ќе го видат решението на правда.