Македонските ракометари ја добија првата контролна против Кувајт

432

Македонската ракометна репрезентација славеше на првиот контролен натпревар против Кувајт со 27-24 (14-9) кој се одигра во Србија и со тоа успешно ги стартуваше подготовките за ЕП 2020 година.

Селекторот Данило Брестовац им даде минутажа на речиси сите ракометари. „Жолто-црвените“ ја диктираа играта и противникот беше тој кој го бркаше резултатот, кој во еден момент во второто полувреме беше и +6 за нашата селекција.

Најефикасен беше Костески со осум погодоци, додека по четири гола запишаа Марковски и Велковски.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Кувајт се игра утре (четврток) од 19:00 часот, а потоа репрезентативците заминуваат за Букурешт каде ќе учествуваат на Трофеј „Карпати“ претстојниов викенд.

Европското во јануари се игра во Австрија, Шведска и Норвешка, а ние во група ќе играме со домаќинот во Виена, како и со Чешка и Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...