-СДСМ, кaко политички субјект кој ги следи модерните трендови и практиката на државите од ЕУ, одлучи наредниот период да ги започне сите процеси и активности за официјализирање на електронскиот спорт т.е. гејмингот како официјална категорија спорт – истакна Ѓорги Тасев , посебен советник за млади и спорт на премиерот Зоран Заев, на трибината на СДСМ „Агенда спорт 20-24“.
Според Тасев, токму ИТ – секторот, дигиталниот свет, сајбер просторот оставаат можности за ширење на електронскиот спорт. Тој потенцираше дека на ова ќе претстои широка дебата, вклучување на сите гејмери и заинтересирани страни со цел да се даде еден поинаков правец во развој на државата, како на економски, така и на спортски план.
-Спортот е глобален феномен кој го трансформира учесникот од пасивен гледач во активен играч и во моментов не постојат граници кои ќе запрат неговиот развој.-истакна Тасев.