Шкариќ: Промена на изборниот модел ќе биде легитимна, ако има има поддршка од 65 пратеници

Професорот по уставно право предлага т,н, Харов изборен модел со отворени и подвижни листи

1063

Доколку измените на Изборниот законик што предвидуваат една изборна единица и отворени листи добијат поддршка од 65 пратеници, тогаш законот може да се донесе, истакна професорот од Правниот факултет, Светомир Шкариќ, за време на дебатата што ја организира собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Шкариќ смета дека ваквиот закон би бил легитимен и легален, иако би можело претседателот на Собранието да не го поддржи, но ќе биде потпишан од шефот на државата.

Сепак, според него, ова би можело да се случи под услов да се разгледа моделот за распределба на мандатите. Предлог на професорот Шкариќ е т.н. Харов изборен модел со отворени и подвижни листи.

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска истакна дека предлогот за измени е од помалите партии, но оти всушност потребата за ваква промена е поддржана од 65 пратеници од владејачкото мнозинство.

Претседателот на Комисијата Александар Кирацовски вели дека СДСМ прифаќа една изборна единица затоа што со сегашниот модел – со шест единици во ветер се фрлаат голем број гласови, така што не губат само партиите, туку и граѓаните.

На дебатата присуствуваат претставници на предлагачите на промените, на помалите партии и на институциите, но не и пратеници од опозицијата и ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...