Посрамотениот Кевин Спејси се огласи за Божик со бизарно видео ВИДЕО

Во видеото, Спејси разгорувајќи го оганот во каминот вели дека не смее да ја пропушти можноста на сите да им посака среќен Божик.

1276

По едногодишна пауза, актерот Кевин Спејси се врати на социјалните медиуми со едноминутно видео во кое честита Божик во стилот на ликот од серијата „Куќа од карти“, во која го глумеше бескруполозниот демократски претседател на САД Френк Андервуд.

Во видеото, кое е наречено едноставно КТВК, актерот, кој го следат обвиненија за сексуално злоставување поради што е отстранет од филмските и телевизиските остварувања, разгорувајќи го оганот во каминот вели дека не смее да ја пропушти можноста на сите да им посака среќен Божик.

– Како што влегуваме во 2020 година, сакам да гласам за повеќе добрина во светот – истакнува Спејси.

– Ах да, знам што мислите. Дали тој тоа го мисли сериозно? Смртно сум сериозен. И тоа не е толку тешко, верувајте ми – продолжува Спејси.

Актерот потоа советува попустливост:

„Следниот пат кога некој ќе направи нешто што не ви се допаѓа, можете да го нападнете. Но, можете и да се воздржите и да го направите неочекуваното. Можете да го убиете со добрина.“

Видеото завршува со злобна музика покрај која актерот агресивно го разгорува оганот во каминот.Спејси не е кривично гонет поради обвиненијата за злоставување. Обвинителството се откажа од еден случај затоа што наводната жртва починала, а другата станала недостапна.

Ликот на Френк Андервуд беше исфрлен од последната сезона на „Куќа од карти“, кога овие обвинувања излегоа на виделина.

Спејси го сними последното видео на Бадник 2018 година, насловено „Дозволете ми да бидам искрен“, во кое тој се осврна на овие обвинувања индиректно и на бизарен начин.

Видеото можете да го погледнете тука.

 

ФОТО: Фејсбук/Принтскрин/Кевин Спејси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...