Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски смета дека со предлог-законот за поништување на лустрацијата кој вчера помина на влада, СДСМ се става во заштита на кодошите.
– Македонија е една од државите која што имаше сила имаше храброст да се соочи со темните страни од своето минато, поголем дел од државните од источниот блок кои што беа под јаремот на комунизмот го направија тоа, дел и не го направија тоа. Сметам дека тој процес беше потребен, беше праведен, многу жртви во годините на комунизмот пострадаја, наши дедовци наши прадедовци основачи на ВМРО-ДПМНЕ но не и само ВМРО туку и други интелектуалци, луѓе, слободно мислечки демократи кои што сакале демократски систем и сметам дека најмала сатисфакција за тие луѓе што можеше да се случи е да се знае кој неправедно ги кодошел и зошто ги кодошел. Застанувањето на СДСМ во заштита на кодошите на почетокот на 2020 година на повеќе од 30 години на падот од комунизмот само потврдува дека СДСМ вредно и секојдневно си ја заработува титулата односно она што го имаат во својот статут а тоа е директен наследник на Сојузот на комунисти на Македонија би кажал на најцрните страни на сојузот на комунисти на Македонија затоа што и во тој сојуз имаше чесни луѓе кои што на пример никогаш не потпишаа со Бугарија дека имаме заедничка историја или не потпишаа со Грција да оваа држава се вика Северна Македонија така што СДСМ си се покажува како најдоследен продолжувач на најтемните страни на Сојузот на комунисти на колишевизмот и останатите работи кои што ги гледавме во тој период – рече Николоски.