Груби: За да се има доверба во процесот, препораката иако не е прва мора да биде последна

156

Оваа препорака е поразлична од претходните седум. Ние и Брисел гледаме кон иста цел. Опозицијата, позицијата, млади, стари, Албанци и Македонци застанаа зад иста цел, а тоа е подобар живот, повисоки плати. Сите надежи се кон евроинтеграциите, рече Артан Груби, претседател на собраниската комисија за Европски прашања.

Груби истакна дека се свесни оти годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори. Според него, одговорноста ја носи и академската заедница, судството, медиумите и невладините организации. Тој вели дека заокружени се клучни реформи, а со тоа е вратена довербата на членките на ЕУ и НАТО во Македонија.

– За да се има доверба во процесот, оваа препорака иако не е прва мора да биде последна – вели Груби.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...