Обвинителката Фатиме Фетаи денеска рече дека сѐ уште ја немаат добиено одлуката од Апелациониот суд за укинувањето на пресудата за „Титаник 2“ со која се укинува затворската казна за Сашо Мијалков, Мендух Тачи и Бедредин Ибраими.
– Одлуката сѐ уште ја немаме добиено, меѓутоа можам да го коментирам само соопштението – прилично е напаѓачко а се знае дека нападот е надојбра одбрана – рече Фетаи.
Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење затоа што констатирал дека првостепениот суд при постапувањето сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.