Таа е железната дама на Путин: Убава и храбра, еве како го маѓепса светот ФОТО

Освен што за роденденот добила трикатна торта, со која се пофалила на својот својот Инстаграм-профил, таа добила и уште еден убав подарок.

1291
ФОТО: Твитер

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, го прославила својот 44-ти роденден.

Освен што за роденденот добила трикатна торта, со која се пофалила на својот својот Инстаграм-профил, таа добила и уште еден убав подарок.

Како што напишала на својот Фејсбук-профил, нејзе странските новинари, дописниците од Москва, исто така, ѝ приредиле роденденско изненадување – ѝ подариле музички подарок.

Марија Захарова е, инаку, првата жена во историјата која ја извршува функцијата на директорка на Секторот за информации во Министерството за надворешни работи во Русија кое го води Сергеј Лавров. Родена е во семејство на дипломати, а детството го поминала во Пекинг каде што родителите ѝ биле на служба.

Дипломирала меѓународно новинарство на престижниот московски универзитет МГИМО, а специјализирала ориенталистика и новинарство. Праксата ја поминала во Амбасадата на Русија во Кина.

Кариерата ја започнала во новинарството, а во Министерството за надворешни работи почнала да работи во 1998 година. Била шеф на службата за информарање на руската мисија при ОН, а потоа била именувана за заменик директор на Одделението за информации и печат. Има дипломски ранг – советник од прва класа. Член е на Советот за надворешна и одбранбена политика на Руската Федерација.

Таа течно зборува англиски и кинески јазик.

Железната дама на Путин, како што Захарова често ја нарекуваат поради нејзиниот остар јазик, засекогаш го променила лицето на руската дипломатија, оценуваат светските медиуми. Наместо со здодевните статистички податоци, таа ги завела сите со својот шарм, убавина, но и со бомбастични изјави и духовити забелешки.
Захарова е една од ретките портпароли од Русија која сите ја знаат по името. Нејзините брифинзи станаа исклучително популарни, особено на интернет, каде што имаат милионски прегледи.

– Марија навистина ја сака својата работа. Професијата ПР менаџер ја претвори во висок театар – рекол за „Базфид“ нејзиниот поранешен соработник Алексеј Маслов.
Исто така, важи за неустрашлива личност, не се плаши жестоко да ги прозива сите по ред – од западните политичари, преку воените организации, до тајните служби.
Социјалните мрежи ѝ се особена страст.

Таа е блогерка, сака да ужива во животот, храната, а својата импресивна линија ја одржува со редовни тренинзи.

Иако од почетокот на кариерата вешто го криела својот приватен живот, и само се знаело дека е мажена и дека има ќерка, лани на интернет се појавија фотографии од нејзината венчавка. Атрактивната русокоса се омажила во Њујорк 2005 година, за Андреј Макаров, исто така, руски дипломат, а фотографиите од венчавката сведочат дека биле мошне разуздани.

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...