Фајнанс тинк: Светилките покажуваат колку се развиени регионите и какви плати се исплаќаат

На сателитската снимка може да се види најголема концентрација на запалени светилки во Скопскиот регион, додека некои од останатите седум региони се речиси целосно во темнина.

655

Институт за економски истражувања и политики Фајнанс тинк направи интересен инфографик за регионалниот развој на земјава поврзан со тоа колку ноќе се осветлени центрите на овие региони. Истражувањето е направено со снимка од сателите а главна теза е дека колку повеќе светилки светат навечер во некој регион толку тој регион е поразвиен а неговите жители земаат повисоки плати.

– Регионалните диспаритети може да се оценат и преку концентрацијата на ноќните светла снимени од сателит. Концентрацијата на ноќните светла е апроклсимација на интензитетот на економска активност. Просечната плата е повисока во регионите со повеќе светла – велат од Фајнанс тинк.

На сателитската снимка може да се види најголема концентрација на запалени светилки во Скопскиот регион, додека некои од останатите седум региони се речиси целосно во темнина.

Инфоргафикот ги содржи и просечните плати на вработените по регионите. Така највисоката просечна плата е во Скопскиот регион од 28.125 денари, а најниска плата се исплаќа во Североисточниот регион каде што проескот е 18.633 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...