ДУИ ја објави декларацијата која произлезе од четвртиот изборен Конгрес и која како што наведува, е во духот на основачката декларација на партијата од 5 јуни 2002 година, Охридскиот мировен договор и раководени од идеалите на албанските преродбеници и Ослободителната Национална Армија (ОНА).
– Ги потврдува нашите основни вредности, како што се демократијата, слободата, еднаквоста, мирот и правдата како вредности кои заедно ја формираат основата на прогресивното општество кое ја има демократијата како предуслов.
Ја цени успешната, напредна и конзистентна активност на ДУИ калена со револуционерниот дух, државничка политика и прогресивни реформи.
Потврдува дека ДУИ не е производ на конјунктури, интереси или фракции, туку продолжение на востанијата и патриотските движења со децении, како и резултат на општата мобилизација на родољубците што наметна радикални промени кон еднаквост, демократизација на земјата и интеграција во НАТО и во Европската Унија.
Ја реафирмира мисијата за остварување на идеалот за слобода, еднаквост и правда како единствена гаранција за мир, безбедност и стабилност, просперитет и брз и инклузивен развој.
Ги истакнува вредностите што се вградени во нашата традиција и култура, како што се: достоинство, чесност, слобода, еднаквост, човекови права, солидарност и почитување во согласност со евро-американските вредности.
Ги истакнува принципите на успех на политичката активност и управување во нашата мултиетничка земја: легитимност, партнерство, демократија, владеење на правото, консензус, транспарентност, конзистентност и отчетност.
Во таа насока, делегатите на Конгресот ја потврдуваат својата посветеност кон слободата и човековите права, консензуална интеграција, одржлив развој, економски раст, како и нови работни места, социјална правда, квалитетен живот, благосостојба, но и општество во кое поединците заеднички се стремат кон општото добро и каде младите го заземаат првото место.
Делегатите сметаат дека плуралистичка, транспарентна, репрезентативна, разновидна и партиципативна демократија, со слобода на изразување и независни медиуми, треба да преовладува во сите области на животот, со цел да им се овозможи на граѓаните да делуваат за општото добро и интерес, промовирање на правда и солидарност во општеството, со добро управување, владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал, отчетност и транспарентност.
Освен тоа, ние остануваме посветени преку сеопфатен пристап да креираме политики кои консензуално ги интегрираат сите нивоа на управување кои овозможуваат земја, регион и континент кои нудат солидарност помеѓу луѓето и државите.
Гарантираме максимални напори за благосостојба на граѓаните преку обезбедување на социјален напредок преку вклучување на секој поединец и на секоја заедница.
Ова општество, кое го градиме врз нашите вредности, подразбира и економија која го претставува и го поттикнува социјалниот напредок за зголемување на животниот стандард, квалитетен живот, еднакви можности, инвестиции и за нови работни места.
Наша цел е конкурентна економија, инвестиции и технолошки иновации кои го забрзуваат растот и развојот, како и интегриран бизнис на регионалните, европските и глобалните пазари, сите способни да се соочат со конкуренцијата и предизвиците на глобализацијата.
Ние се фокусираме да ја прилагодиме нашата економија, индустрија и животната средина, за целокупен дигитален развој, градење Е-држава, и за правичност и даночна транспарентност, спротивставувајќи се на затајувањето, избегнувањето и на непредвидливоста на даноците.
Ја цениме неизбежноста на универзален пристап кон чист воздух, чиста вода, чиста енергија и квалитетна храна.
Градиме политики за да ги зачуваме ресурсите на земјата преку создавање одржливост на животната средина за да ја сочуваме сегашноста, но и да ја обезбедиме иднината за идните генерации, при тоа ќе се грижиме за старите лица и ќе инвестираме во младите.
Ние сме посветени на силно, еднакво, правично општество, кое гарантира сигурен државен пристап без надомест за образование и квалитетни здравствени услуги, правична поделба на просперитет, рамноправен регионален развој, елиминирање на сиромаштијата, достоинствен живот и колективна одговорност која произлегува од нашата убеденост дека ние сме посилни само заедно, само заедно сме подобри.
Ние го негуваме чувството на припадност преку вклучување на сите, спротивставувајќи се на исклучувањата на другите во едно кохезивно и инклузивно општество, кое опфаќа индивидуални и колективни вредности и цени разновидност и родова еднаквост.
Нееднаквоста мора да се искорени и фокусот од малкуте да биде насочен кон многуте преку градење на општество на благосостојба, со одговорни и квалитетни јавни услуги и институции, со пристојно образование, здравство, плати и пензии, грижејќи се за сите категории на општеството.
Конгресот повторува дека албанскиот глас се капитализира само ако е концентриран, додека поделбата на албанскиот гласачки потенцијал на повеќе партии го оштетува балансот помеѓу демографската тежина и политичката тежина на Албанците, односно ги ослабнува албанските позиции во законодавната и во извршната власт и ја загрозува локалната власт во одредени општини.
Ние сме посветени на градење на нашите политики во соработка и партнерство со граѓанското општество, социјалните активисти, академскиот свет, медиумите, синдикатите, евро-американската заедница и со сите оние кои ги споделуваат нашите вредности и определби.
Крајно, демократијата е основна вредност и ориентирачки компас на Демократската Унија за Интеграција. Ние сме посветени на заштитата и подобрувањето на демократијата, останувајќи на евро-американскиот курс без алтернатива, гарантирајќи неповратност на Охридскиот, Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство, сите заедно со уставните измени, и тоа да спроведуваме правично владеење на правото преку целосен ветинг на политичката сцена, судството и обвинителството, да ја елиминираме селективната правда, да креираме нови работни места и рамномерна распределба, да се овозможи квалитетен живот со сите придружни елементи, со што се создаваат подобри услови за сите и младите да ги градат своите иднина и семејство во сопствената земја,
Нашата визија е целосна еднаквост за сите граѓани на С. Македонија и квалитетен живот согласно највисоките стандарди како членка на НАТО и на Европската унија. Ние сакаме да ги видиме нашата земја и граѓаните еднакви и со достоинствен живот во евроатланското семејство, се вели во декларацијата.