Трамп и Меланија за Бадник во црква, па на вечера во приватниот клуб во Флорида

331

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија на Бадник прво присуствуваа на миса во баптистичка црква, а потоа празникот го прославија со вечера во неговиот приватен клуб на Флорида.

Помалку од една недела откако беше отповикан во Претставничкиот дом, Трамп не одговори на новинарско прашање дали во црквата се молел за претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

– Ќе имаме одлична година – кусо одговори Трамп.

Трамп на Бадник видео повик со групи војници стационирани во Авганистан, Кувајт, Аденскиот Залив и припадниците на Ер Форс во Мисури и крајбрежната стража на Алјаска.

Тој ги пофали вооружените сили за нивните напори во борбата против последниот калифат на Исламска држава и убиството на нејзиниот водач Абу Бакр ал-Багдади.

Тој, исто така, ги истакна економските успеси дома и најави пораст на платите на војниците во новата година.

На новинарско прашање што и купи на сопругата за Божиќ, тој одговори „убава честитка“, и додаде дека „сѐ уште работи на подарокот за Божиќ“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...