Маж кој е веќе осуден за секс со својата полнолетна ќерка се изјасни за виновен во второто судење за истото криминално дело, но во друга област во американската сојузна држава Небраска, јави „Еј-би-си њуз“.
Тревис Филдгруов (40) се изјаснил за виновен за инцест во окружниот суд во местото Адамс. Бидејќи се изјаснил за виновен, неговата казна ќе се намали.
Тој постигнал сличен договор со судот во соседната округот Хол, каде што во мај годинава беше осуден на две години затвор.
Филдгроув и неговата 21-годишна ќерка се венчале во октомври минатата година во округот Адамс, еден месец откако полицијата започнала истрага за нивната врска.
Полицијата соопшти дека девојката ја известила својата мајка пред три години дека сака да го запознае нејзиниот татко.
Нејзината мајка тогаш закажала состанок со Филдгроув и неговата ќерка, по што двајцата влегле во врска која прераснала и во сексуална врска во септември минатата година.
ДНК-тестовите покажале дека станува збор за биолошки татко и ќерка.