Антикорупциска комисија ќе има увид во имотот на функционерите во странство

181

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе има увид во имотот на функционерите во странство. Владата, на денешната седница, ја прифати информацијата на предлог на Министерството за правда, според која С. Македонија ќе го потпише Меѓународниот Договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.

Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји, се наведува во  соопштението на владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...