Двајца повредени при судир на патот Пробиштип – Крупиште

104

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13.30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано „Лезовски Кантон“. Во несреќата учествувале возило „бмв“ управувано од З.А. (51) од Скопје, камион „мерцедес спринтер“ управуван од З.Т. (51) од Кочани и мотоцикл „трува“, управуван од И.А. (27) од с.Горобинци, Светиниколско.

Со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување , додека сопатничката на мотоциклот С.И. (27) од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип. Во периодот од 14.05 до 15.45 часот, додека траел увидот, сообраќајот бил во прекин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...