Пендаровски: Сега нема логика да се одложат изборите (ВИДЕО)

1410

Претседателот Стево Пендаровски смета дека не е разумно сега да се се одложи датумот за одржување на десеттите парламентарни избори. Во емисијата „200“ на ТВ Алсат, Пендаровски рече дека закажувањето на изборите по шест месеци од лидерската средба било  неопходно заради формирање на техничката влада 100 дена пред избори.

-Неколку месеци по 12 април влегуваме во термин за редовните избори и не можам да видам која партиска или државна логика би барала тие избори да се поместат. Од она што  го слушам од луѓе од бизнис заедницата, можам да ви кажам дека и онака кога веќе имаме закажано избори тоа е изгубено време – рече Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...