Спасовски ги укина полициските „алфи“

1039

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека се спојуваат единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за јавен ред и мир во посебна интервентна единица. Тој рече дека се прави нова реорганизација во МВР, а фузијата на двете единици е по примерот на повеќе европски земји, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен. До петок ќе се знае кој ќе раководи со новата единица.

Единицата „Алфаи“ беше формирана во 2005 година, со цел борба против уличниот криминал. Со нејзиното спојување со единицата за јавен ред и мир, „алфите“, практично, заминуваат во историјата, односно припадниците на оваа единица се очекува да бидат прераспределени на други работни места во МВР.

„Алфите“ беа полицајци во цивилка, користеа необележани возила и имаа задача да сузбиваат уличен и насилен криминал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...