Пендаровски во посета на разузнавачите

На средбата со директорот на Агенцијата Еролд Муслиу, претседателот бил запознаен со придонесот на оваа служба во исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија – членството во НАТО и ЕУ, со акцент на меѓународната соработка со партнерските служби

256

Претседателот  Стево Пендаровски денеска остварил работна посета на Агенцијата за разузнавање, која функционира под негова надлежност.

За време на посетата, како што информираа од претседтелскиот кабинет, Пендаровски бил информиран за тековните и предвидените активности во надлежност на Агенцијата, насочени на собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации кои се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на С. Македонија.

„Претседателот беше запознаен со придонесот на Агенцијата за разузнавање во исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија – членството во НАТО и ЕУ, со акцент на меѓународната соработка со партнерските служби. На средбата со раководството беше разговарано и за меѓуинституционалната соработка како важен дел за координацијата на активностите на институциите со сродна дејност со Агенцијата за разузнавање.  Претседателот беше информиран и за активностите на Агенцијата за внатрешно реформирање и донесување нов закон, со цел градење модерна и ефикасна разузнавачка служба, согласно препораките, критериумите и поддршката на НАТО“, информираат од претседателскиот кабинет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...