Таткото на Дејвид Бекам направил скандал на крштевката на неговите внуци ФОТО

Иако сè навидум изгледало совршено, атмосферата ја расипал скандалот што го направил таткото на Дејвид Бекам, Тед Бекам.

3626

Таткото на Дejвид, Тед Бекам (71), се налутил затоа што неговиот син Дејвид (44) и снаата, Викторија (45), не го поканиле неговата поќерка Шарлот (27) на крштевката на нивните деца.

Викторија и Дејвид Бекам ги крстија ќерката Харпер (8) и нивниот најмладиот син Круз (14), но на церемонијата се случил неочекуван скандал. Кумови на децата биле актерката Ева Лонгори (44), пејачот Марк Ентони (51), фризерот Кен Пејвс и спортскиот агент Дејвид Гарднер (53), а Викторија со фотографија од крштевањето порачала дека е многу горда на своите деца и благодарна на своето семејство и кумовите.

Сепак, иако сè навидум изгледало совршено, атмосферата ја расипал скандалот што го направил таткото на Дејвид Бекам, Тед Бекам.

Тој бил навреден што Викторија и Дејвид не ја поканиле Шарлот, ќерката на неговата партнерка, милионерката Хилари Меридет (60), на гламурозната забава што ја организирале. Хилари и Тед биле поканети, но, наводно, немало место за нејзината ќерка.

Девојката била навредена од тој гест затоа што мислела дека е важен член на семејството. Тед се обидел да ги убеди Викторија и Дејвид да ја поканат, но сепак, тие одлучиле дека нема место за неа.

Тед претходно беше оженет со Сандра Бекам (70), мајката на Дејвид, со која се оженил во 1969 година, и со која има три деца – Лин (47), Дејвид (44) и Џоан (37).

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...