Најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25 февруари во Македонската филхармонија.
Раде Шербеџија овојпат во Скопје доаѓа со концептот „Ti bi htjela pjesmom da ti kazem“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Ne daj se Ines“, „Meni se dušo od tebi ne rastaje“, „Ćekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.
Шербеџија ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.
Влезниците за концертот на Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба утре (25.12) наутро, по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.