Објектот на поранешното основно училиште во Радовиш, кое во последните десетина година го користеше Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, повторно е вратен во владение на општината.
– На наше барање, а со одлука на Владата, зградата е вратена во владение на општината и по враќањето на Спортско-рекреативниот центар „25 Мај“ ова е втор објект со кој ќе располагаме – информира градоначалникот Герасим Конзулов.
Според него, набргу ќе се знае како и за кои потреби ќе се користи објектот, а најзначајно е што имотот со кој располага општината се зголемува и ќе биде искористен најрационално.