На езерото Матка во неделата заврши снимањето на „Сестра“ – прв долгометражен игран филм на младата режисерка Дина Дума. Снимањето на филмот е поддржано од Агенцијата за филм и е копродукција со Црна Гора и Косово. Режисерката Дума е и авторка на сценариото заедно со Мартин Иванов.
-„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување – соопшти „Лист продукција“ за филмот кој се снимаше на локации низ Скопје.
Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.
Продуцент на филмот е Марија Димитрова, кинематографер Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите ги изработи Роза Трајческа-Ристовска, а за шминката беше задолжена Жанета Димитриевска.