МВР: Актерката Стојановска била соработник, а нејзиниот сопруг организатор на шверцот на кокаин ВИДЕО

Се проценува дека вредноста на кокаинот во промет би достигнала околу 20 милиони евра.

4978

Министерството за внатрешни работи денеска ги обелодени деталите од меѓународната акција за сузбивање на организиран шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа. Уапсени се вкупно пет лица, а по две се трага.

Се проценува дека вредноста на кокаинот во промет би достигнала околу 20 милиони евра.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека Силвија Стојановска е лоцирана како соработник и преку неа се пренесувани значителни суми пари, дејствувала како логистика, а со таа цел во текот на летото патувала и во Шпанија.

Таа била одговорна за резервирање на хотелски претстој, но и за трансфер на 10 илјади евра.

– Лидер на оваа група е првопријавениот В.Б., кој заради впишана забрана за патување во земјите од ЕУ, го ангажирал неговиот брат резидент на Белгија. Од јуни до декември остварувале редовни контакти за договарање на сите детали за пренос на кокаинот. Откако биле договорени сите детали, на почетокот на декември С.С. по инструкции на нејзинито партнер В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат и истиот го платила со сопствена кредитна картичка. С.С. во октомври отпатувала во Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг од непознат шпански државјанин да подигне 10.000 евра, најверојатно за криминални активности на оваа мрежа – рече Спасовски.

Покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ. Во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани.

Сите се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Акција е спроведена со помош на шпанската полиција и американскиот оддел за сузбивање на шверц со дрога.

Стојановска и нејзиниот сопруг беа уапсен на 19 декември. Актерката е во домашен притвор, а сопругот во притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...