Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл се оддалечуваат од кралското семејство па овогодинашните божикни празници ќе ги слават далеку од Бакингемската палата, поточно – во Канада. Таму настанала и нивната божикна честитка со која ги растопија обожавателите и следбениците на социјалните мрежи. На божикната честитка главна ѕвезда е нивниот син – малиот принц Арчи.
Официјалниот Твитер-профил на кралскиот пар објави фотографија на која Меган и Хари позираат под елката, додека целото внимание го украде Арчи кој љубопитливо го гледа објектот на фотоапаратот.
„Ова е најслатката божикна честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божик на сите“, стои во објавата на официјалниот профил. Кралската двојка која е позната по тоа дека не се држи до пропишаните обичати, овие празници одличила да ги помине во Канада во која Меган живееше седум години пред да стане член на кралското семејство.
ФОТО: Твитер/Принтскрин