ТНТ во правна замка: Натепаниот Трајковски не дојде на судење, обвинителот бара да се раздвои постапката

357

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски, утрово не се појави на судењето во случајот ТНТ во кој е обинет за незаконското уривање на комплексот „Космос“, сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски затоа што бил во болница, откако вчера двајца го нападнале и го натепале.

Обвинителот Бурим Рустеми сега бара да се раздвои постапката за Трајковски и за тројца обвинети, а бранителите реагираат дека судењето не може да продолжи со изминат мандат на еден од поротниците.

Трајковски, како што вели неговиот адвокат Јовица Страшевски, прво бил примен во Ургентниот центар, а потоа на Клиниката за неврохирургија.

– Тој е во многу лоша состојба, тешко зборува, не е ориентиран, не е комуникативен, повраќа – рече адвокатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...