Анџелина Џоли веќе долги години е во филмската индустрија и до сега има стекнато огромно богатство. Џоли станала лиценциран пилот и има свој авион кој со кој може да управува кога ќе посака. Таа открила и зошто се одлучила да се проба во таа улога.
– Кога мојот син Маокс беше мал, беше опседнат со авиони и јас заради него посакав да се пробам во таа улога. Сакав да биде горд на мама – изјави Анџелина.
Актерката во 2004 година станала пилот, а потоа купила и сопствен авион.
Таа поседува „Cirrus SR22“ кој е проценет на вредност од околу 586.000 евра, за кој вели дека е корисен кога има метеж по патиштата.