Министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач на седница на парламентот во Бања Лука го провоцираше опозицискиот пратеник Драшко Станивуковиќ од Партијата на демократскиот прогрес и му удри шлаканица.
– Додека јас се борев над главата ми летаа авионите на НАТО. Гледав дали ќе ми ги истурат бомбите на глава. Не можеш да ги внесуваш тие знаменца. Ти тогаш си бил мал, но сега би требало да знаеш некои работи. Немој тоа повеќе да го правиш или ќе завршиш како знаменцата – му вели Лукач на пратеникот.
Кога Станивуковиќ му пришол и го прашал со што му се заканува, министерот му удрил шлаканица од говорницата.
– Седи таму, мајмун – му кажал притоа Лукач на пратеникот Станивуковиќ.
По инцидентот седницата била прекината.