Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат расправата за буџетот на Скопје

432

Опозициските советници нема да учествуваат во понатамошната расправа за буџетот на град Скопје за 2020 година. Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека од 70 поднесени амандмани што ги поднеле не е прифатен ниту еден.

„Тоа говори дека овој буџет е едностран, неразвоен и служи единствено за исполнување на лукративните цели на Петре Шилегов и СДСМ.  Шилегов носи буџет со кој градот Скопје не оди напред туку тоне  во долгови, неразвојност и криминал. Токму затоа, поради демонстрација на насилие и едноумие  од Шилегов, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ја напушта амандманската расправа за предлог буџетот за 2020 година.ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и нема да допринесува за носење на мегаломански, популистички и неразвоен  буџет за Град Скопје“, се наведува во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...