Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(21) од Скопје.
Како што соопштија од МВР, на 17 декември, околу 19 часот, на булеварот „11-ти Октомври“ во Скопје, две малолетнички на возраст од 13 и 16 години, згрижени во Домот за деца “25 Мај”, биле пресретнати од пријавената, со која од претходно се познавале, а која била со возило, управувано од друго лице. Таа првин вербално, а потоа и физички ја нападнала 13 – годишната девојка, по што насилно ја внела во возилото. Исто така, физички ја нападнала и другата малолетничка.
Веднаш по настанот, 16-годишната девојка се упатила кај братот на Р.А. и го известила што се случило, а тој ѝ рекол да не пријавува во полиција. Од МВР соопштија дека, по превземени мерки, на 20 декември Р.А. била лишена од слобода, а малолетничките се згрижени во соодветна институција.