Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,25 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 67,50 денари за литар.
„Еуросуперот БС- 98“ ќе чини 70 денари за литар, „еуродизел (Д-Е V)“62,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 51,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,932 ден/кг и ќе изнесува 37,339 ден/кг.