Еден несреќен скок и пад во езерото на едно, тогаш малолетно момче, целосно ќе му го смени животот. Гостите на Кадмо го наоѓаат Боро Стаиќ во вода и викаат итна помош, објави емисијата КОД вчеравечер на Телма телевизија.
Случајот, иако пријавен како „дете кое паднало во езеро“ од лекарите на охридската итна помош и болницата во тој град бил третиран како пијано момче. Никој не го прегледал ниту утврдил дали навистина Боро е пијан или има многу потешки, сериозни повреди кои се опасни и по животот.
Доживотна парализа, маратонски судски процес за лекарска грешка на двајца доктори. Приказната, последните седум години ја живее 25-годишниот скопјанец Боро Стаиќ. Неговата приказна не е ниту едноставна, ниту лесна за раскажување, но открива како здравствениот систем и општеството се справуваат со сопствените грешки. Трагедијата се случила неколку дена пред Боро да стане полнолетен.
Повеќе во емисијата КОД на Телма телевизија.