„Титаник 2“ одложен за 10 мај

310

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи.

Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд, за кој судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, обвинети во случајот, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд. Покрај Тачи и Мијалков, во овој случај обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои, исто така, беа присутни на рочиштето.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а обвинението на СЈО го застапува обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...