Натепан Тони Трајковски, поранешен градоначалник, обвинет во „ТНТ“ за уривањето на „Космос“

936

Третообвинетиот во случајот „ТНТ“ Тони Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба, ноќеска бил нападнат од непознати лица, потврдува МВР за Плусинфо откако утрово не почна судското рочиште во кое Трајковски е обвинет заедно со поранешниот премиер Никола Груевски, со поранешниот минисер за транспор и врски Миле Јанакиески и неколку лица од општината за уривањето на „Космос“, комплексот на бизнисменот Фијат Цановски.

Според МВР, Трајковски во полиција, инциентот го пријавил во 23,35 часот вчера, а бил нападнат на пешачка патека во близина на болница по претходна вербална расправија со две лица кои го нападнале.

Адвокатот на Трајковски вели дека бил во болница по синоќешниот инцидент и затоа не можел да дојде на рочиштето.

Во петокот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во својата одбрана пред судот во случајот ТНТ кој го покрена СЈО поради уривањето на комплексот „Космос“ рече дека Фиjат Цаноски имал интензивна комуникација од април 2010 до август 2011 година со првообвинетиот, Никола Груевски и побара бизнисменот да се појави како сведок и да ја каже вистината.

– Во тој период Фиjат Цаноски има интензивна комуникација со Никола Груевски. Тој ја знае вистината за случајот. Сакам да го прашам Фиjат и за односите со Сашо Мијалков, Муса Џафери, со Али Ахмети, да каже кој што му ветувал. Јас не сум ветувал дека ќе му дозволам да гради спротивно на Законот за градење. Едно ливче немам потпишано. Не може Миле да е кабает, затоа што сме прислушувани 24 часа јас и мојата жена и затоа што Миле кревал телефон – рече Јанакиески според кого објектот „Космос“ бил дивоградба и дека не бил урнат од било какви негови други интереси.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...