Арсовска стана член на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери

Глобалниот комитет на жени лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници - обединувајќи ги да ги искористат своите колективни знаења, да се посветат на критични теми и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија.

2285

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска е избрана за член на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери. Со бордот ќе претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, а го сочинуваат 12 светски познати членови.

Интернационално добро познати имиња во бордот се д-р Аменах Гуриб-Факим, 6-тиот претседател на Република Маурициус, како и Мари-Кристин Огли, претседателот на Светската асоцијација на жени претприемачи.

– Да се види име македонка во бордот на Глобалниот комитет на жени лидери е гордост и чест за мене лично, но и професионално. Со Сојузот направивме многу за интернационално да постигнеме успеси во економската соработка и меѓу првите дигитализиравме дел од алатките за меѓународна трговија. Со успех во работата го истакнавме фактот дека и покрај тоа што сме само неколку жени во светот претседатели на национални комори, можеме да промениме многу и да придонесеме за општо добро – изјави Арсовска.

Глобалниот комитет на жени лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници – обединувајќи ги да ги искористат своите колективни знаења, да се посветат на критични теми и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...