Милановиќ, Грабар-Китаровиќ и Шкоро во финална трка на изборите во Хрватска

Нека победи подобриот. А тоа сум јас. За две недели ќе биде што ќе биде. Во мене нема никаква горчина ниту страв, рече Милановиќ.

209

Одиме во втор круг, а не во војна, војните се завршени, изјави синоќа во својот изборен штаб кандидатот на СДП Зоран Милановиќ, кој победи на вчерашниот прв круг од претседателските избори во Хрватска.

– Нека победи подобриот. А тоа сум јас. За две недели ќе биде што ќе биде. Во мене нема никаква горчина ниту страв, рече Милановиќ.

Тој истакна дека е подготвен за вториот круг од изборите и оти е подготвен да ја работи работата на претседателот на државата.

– Се за Хрватска, ме прозиваа поради наводни грешки, никогаш не сум направила ништо против Хрватска, порача синоќа кандидатката на ХДЗ и актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во нејзиниот изборен штаб.

– Сега сите мораме да се собереме заедно и одиме на победа. Вие бевте со мене во тешки и лесни, односно добри моменти, рече Китаровиќ, која заврши втора на вчерашните претседателски избори и ќе се соочи со Милановиќ во вториот круг.

Таа ги повика сите да излезат на вториот круг и да го дадат својот глас за подобра Хрватска.

– Ние денеска славиме победа на слободата и изборот, веруваме дека промени се можни и не сме малку – 454.000 избирачи денеска покажаа дека мислат поинаку, истакна синоќа независниот кандидат Мирослав Шкоро, кој го освои третото место на претседателските избори во Хрватска.

– Тргнавме од нула и дојдовме до 25 отсто – четвртина избирачи се со нас. Немојте да бидете тажни… Им честитам на кандидатите кои влегоа во вториот круг, аплаудирајте им, рече Шкоро.

Тој истакна дека луѓето од неговиот тим направиле чудо и оти претседателските избори покажале дека две третини од луѓето не се задоволни од актуелната власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...