На Инстаграм осамна фотографија од Меган Маркл од средно училиште, а нејзините фанови не можат да поверуваат колку малку се променила таа досега.
На фотографијата, 16-годишната Меган позира со своето тогашно момче Луис Сегур, пред накитеното дрво.
Меган на фотографијата изгледа весело и е насмеана, облечена во светкав, црн фустан, а многумина коментирале дека таа изгледа целосно исто како и денес, без оглед на тоа што сега има 38 години.
„Доколку некој ми кажеше дека оваа фотографија е направена минатата година, ќе поверував“, „Прекрасна е“, „Тогаш немала поим дека ќе стане принцеза“, „Дали старее таа воопшто?“, „Воопшто не се променила“ – биле само дел од многубројните коментари.
FOTO: Instagram/Printskrin
ФОТО: EPA / ANDY RAIN