ВМРО-ДПМНЕ бара парламентот утре да расправа за аерозагадувањето

Опозицијата поднесе информација за аерозагадувањето и смета дека тоа треба да биде прва точка на дневниот ред на седницата што почнува утре

170

ВМРО-ДПМНЕ поднела до парламентот информација за состојбите со аерозагадувањето и очекува за тоа да се расправа на собраниската седница што почнува утре.
-Поради алармантната ситуација во која се наоѓа Македонија во однос на загадувањето на амбиентниот воздух во градовите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што и најави, поднесе информација до Собранието. Оваа точка бараме да се стави како прва точка на дневен ред на утрешната пленарна седница и за неа да се расправа уште утре. Џафери е обврзан на тоа со Деловникот и тоа членот 69 став 3, кој гласи „претседателот на Собранието е должен на секоја втора редовна седница да внесе една точка по предлог на пратениците од опозицијата и изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Тој вели дека оваа информација ги исполнува сите услови да биде ставена како приоритетна на утрешната седница. -Досега имаме поднесено неколку иницијативи, но ниту една не е ставена како прва точка на една од седниците. Верувам дека поради алармантноста на ситуацијата оваа точка ќе биде ставена како прва на утрешната пленарна седница – рече Данев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...