Џафери – Соботка: Австриска поддршка за евроинтеграцискиот процес

76

Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази задоволство од средбата со претседателот на Австрискиот национален совет, Волфганг Соботка, особено што се остварува непосредно пред преземањето на претседавањето на Австрија со Советот на ЕУ, што е сигнал за силна поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, информира собраниската прес- служба.
Џафери учествува на Конференцијата на претседатели на Парламенти од земјите на Европската Унија, која се одржува во Талин, Естонија.

– Претседателот Соботка потврди дека Австрија ја поддржува Република Македонија во евроинтеграциските процеси и при тоа нагласи дека интензивирањето на парламентарната размена и комуникација може да придонесе во зајакнување на севкупните односи на двете земји. Во периодот што следи, очекува двата Парламента да продолжат да соработуваат во рамките на Парламентарното собрание на ОБСЕ преку заеднички активности на пратениците. Тој, исто така, се интересираше за актуелните случувања во земјата, особено за градењето на добрососедските односи, бидејќи истите се од клучно значење за интеграција на земјата во европското семејство, стои во соопштението.

Џафери истакнал дека Македонија особено го цени фактот што Австрија ја предводи групата земји во ЕУ кои се гласни и активни поддржувачи за отпочнување на пристапни преговори меѓу ЕУ и Македонија. Тој, исто така, изрази уверување дека земјата е целосно посветена на реформите кои треба да дадат конкретни резултати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...