Централниот совет на Демократскиот сојуз денеска го избра Зоран Димитровски, долгогодишен професионален новинар и уредник, за генерален секретар на партијата.
На седницата, како што соопштија од партијата, тема биле предвремените парламентарни избори, подготовката на програмата и можните кандидати.
– Демократскиот сојуз е подготвен за учество на парламентарните избори, при што е отворен за соработка со партии кои се за робусна борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија – велат од ДС.
Зоран Димитровски, долгогодишен професионален новинар и уредник. Бил главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“.