Јана Стојановска: Мајка ми нема врска со дилање дрога, ќе бараме да се брани од слобода

1977

Мајка ми нема врска со шверц на дрога, вели Јана Стојановска-Бојиќ, ќерка на актерката Силвија Стојановска, за српскиот портал „Република“.

– Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но кратко, затоа што набрзо беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Таа е поврзана со ова поради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за шверц на дрога. Тоа што знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал. Се слушнавме по сослушувањето, беше потресена, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но потоа ќе бараме да се брани од слобода – вели Јана.

Таа додава дека не знае дали сопругот на мајка ѝ е вмешан во шверцот.

– Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа ќе покаже истрагата – вели таа.

Силвија Стојановска беше уапсена пред два дена под сомнение дека учествувала во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. Судот ѝ определи 30-дневен куќен притвор и е осомничена дека била логистичка поддршка за шверцот на дрогата

Приведен беше и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кому судот му определи мерка притвор од 30 дена. Приведен е и неговиот брат кој живеел во Шпанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...