Кисела Вода апелира граѓаните да не палат оган на отворено

115

По најавата за високи температури кои ќе следуваат во наредниот период и по добиеното известување од Дирекцијата за заштита и спасување за зголемената опасност од настанување на пожари на отворен простор, Општина Кисела Вода апелира да се преземат превентивни мерки и зголемена будност и мобилност од сите граѓани и субјекти на територијата на Кисела Вода за заштита од пожари.

Општината препорачува да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпадоци од цигари.

Сопствениците на неизградено градежно земјиште да ја искосат тревата за да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...