Тортата на Саша Алексиќ која беше специјално направена за насловната страница на магазинот „Арткујна“ освои Гран при на 13. Меѓународен натревар во приготвување торти и колачи кој се одржа вчера во Ниш, Србија.
За оваа торта со декорација во стилот на најпознатата фаза од творештвото на холандскиот сликар Пит Мондријан, еден од основачите на движењето Де Стил кој ги формулира принципите на неопластицизмот, на Саша му беше потребна една седмица да ја изработи.