ДУИ на Конгрес избира лидер

На конгресот ќе се избере и ново тело Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати,а ќе се бираат и  Изборна комисија и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.

1029

Демократската унија за интеграција денеска по четврти пат на конгрес избира лидер на партијата.

На конгресот ќе се избере и ново тело Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати,а ќе се бираат и  Изборна комисија и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.

На дневен ред се измени на Статутот на партијата  во чии рамки треба да влезат сите нови органи, вклучително и Секретар за Еднакви можности.

На конресот ќе бидат донесени  5 Резолуции како програмски приоритети: консенсуална интеграција, ветинг ,квалитетен живот, развој и работни места, и младите на прво место.

Ќе се донесе и Декларација за вредностите.

Конгресот ќе се оддржи во Спортско – рекреативниот центар „Кале” во Скопје.

Претходно, ДУИ избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, скоро 100% нови претседатели на ограноци и над 90% нови претседатели на подограноците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...