Се судрија бандите во затвор во Хондурас, убиени 18 затвореници

Висок воен претставник изјави дека безбедносните сили официјално не ја презеле контролата врз затворот во северниот пристанишен град Тела, пред да се случи насилството.

185

Најмалку 18 затвореници се убиени, а 16 повредени во тепачки меѓу ривалски банди во затвор во Хондурас, соопштија властите.

Два дена претходно, Владата на Хондурас прогласи вонредна состојба, пренесувајќи ја контролата на безбедносните сили во обид да спречи еден од најтешките бранови насилство во затворите.

Сепак, висок воен претставник изјави дека безбедносните сили официјално не ја презеле контролата врз затворот во северниот пристанишен град Тела, пред да се случи насилството.

Преземањето на војската и полицијата на затворот во Хондурас се очекува да трае шест месеци, а властите сакаат да го искористат тоа време за да се елиминираат корупцијата и насилството во затворскиот систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...