Николовски: Ако освоиме дво-третинско мнозинство на изборите, ќе може да го вратиме старото име

Доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, тогаш треба да направиме брза серија реформи, да ја ставиме Македонија на брза трака, да пробаме во скоро време да станеме членка на ЕУ и кога ќе сме на иста маса со Грција да пробаме да ги менуваме работите - рече Николовски.

3013

Преспанскиот договор е реалност, но никој не може да бара од ВМРО-ДПМНЕ да е дел од неговата имплементација, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Тој рече дека во партијата имаат два начина околу тоа – што понатаму:

– Ќе се обидеме во иднина да ги ублажуваме последиците, има два начина да се направи тоа, првиот е да освоиме дво-третинско мнозинство на овие избори за да може да пристапиме кон промена на Уставот и да го вратиме старото име. Доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, тогаш треба да направиме брза серија реформи, да ја ставиме Македонија на брза трака, да пробаме во скоро време да станеме членка на ЕУ и кога ќе сме на иста маса со Грција да пробаме да ги менуваме работите – рече Николовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...